Презентација на проектот

Презентација на проектот



 

PROJECT SUMMARY

 

Наслов на проектот

Ефикасно користење на сончевата енергија за подобра иднина
(SP-FUTURE)

Водечки партнер

(име/држава)

Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Република Македонија (Република Македонија)

Партнери

Општина Струмица (Република Македонија)
Општина Петрич (Република Бугарија)
Асоцијација на Југозападните општини-Благоевград (Република Бугарија)

Приоритетна оска

2. Подобрување на квалитетот на животот

Област на интервенција

2.1. Користење на природни ресурси

Времетраење (во месеци)

24 месеци

Вкупен буџет (во  €)

440.216,61 евра

Цели на проектот

Подобрување на постоечките дизајни кои ќе придонесат за ублажување од загадувањето на животната средина како пример за одржлив развој на пограничниот регион, корисен за локалните жители  (во регионите на Југозападна Бугарија и Југоисточна Македонија).

Проектни активности

(EUROPA 2020)
Европската унија си постави пет амбициозни цели:

- за вработување,

- иновации, 

- образование,

- социјална инклузија, и 

- клима / енергија кои треба да бидат исполнети до 2020 година. Во 2007 година лидерите на ЕУ го одобрија интегрираниот пристап за енергетска политика со трансформирање на Европа во многу енергетски ефикасна и ниска употреба на јаглерод. Тие направија едногласна посветеност дека Европа ќе ги намали своите емисии на гасови за најмалку 20% од нивоата во 1990 година до 2020 година.
За да се спречат најтешките ефекти од климатските промени, научните докази покажуваат дека на светот треба да му се ограничи глобалното затоплување на не повеќе од 2ºC од температурата. Тоа е само 1,2°C над денешното ниво.
За да остане во рамките на овој лимит, ние треба да го запреме растечкиот тренд на глобалните емисии на стакленички гасови пред 2020 година, а до средината на овој век да се преполоват глобалните емисии ида се продолжи со тоа ниво понатаму. (извор http://ec.europa.eu/clima/policies/brief/eu/index_en.htm)


(вовед)

Сонцето е оддалечено 150 милиони километри од земјата, и е неверојатно моќно. Всушност, секоја минута, доволно енергија ќе пристигне на планетата Земја за да се исполнат нашите барања за цела година, само доколку таа енергија може да се зачува и искористи правилно.

Затоа Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (МК) и Асоцијацијата на Југозападните општини-Благоевград (Бугарија) развија заеднички предлог-проект со општините Струмица и Петрич со кој ќе придонесат во ЕУ Програмата 2020, а тоа ќе го направат со примена на соларни фотонапонски панели (вградување на фотоволтаичен систем) во две основни училишта и тоа во Струмица, "Сандо Масев" и во општина Петрич, "Антон Попов".


(почетна фаза)

Развој на детални активности од одобрениот предлог-проект и детерминирање на одредници, а во тесна соработка на партнерите од двете страни на границата. На оваа прва средба според одобрениот буџет, проектниот тим заедно со еден модеретор ќе ја подготват финалната временска рамка и сроведување на буџетските трошоци.
(надлежно тело - Сите партнери, времетраење 1 месец)


(фаза на имплементација)

Сончевата енергија можеби е најлесно употреблива од сите обновливи извори на енергија („зелени“) извори. Многу соларни енергетски апликации се формулирани, и скоро секој може да ги искористи предностите, кои во нашиот случај се наменети кон конвертирање на таа сончевата во електрична енергија потребна за осветлување на основните училишта (сите кабинети и помошни простории), за работа на компјутерите и греење (со ограничен капацитет).


Ревитализација на постојните објекти и примена на фотонапонски панели на покривот од основните училишта во Струмица и Петрич, со што ќе се заштедат средства од буџет на секоја општина, средства со кои во моментов се плаќаат за сметките за електрична енергија. Овој проект ќе биде случај пример училиште(а) со кои ќе се мотивираат другите во регионот да го реплицираат истиот проект.


Тимовите кои на национално ниво ќе  работат на објектите ќе направат и по една заедничка посета на соседната земја, како ревизија-на-место за да се оцени напредокот на градежните работи и притоа ќе се разменат искуствата од градежните и инсталациските проекти, со што ќе се придонесе за подобрување на најважниот сегмент од главниот проект.

(Надлежни тела - Општина Петрич и Општина Струмица, времетраење 18 месеци)

Со цел да се промовира одржливоста на животната средина, проектот ќе се фокусира на развивање на мрежа на наставници кои ќе подготвуваат и спроведуваат обуки на врсници, нивните колеги од другите основни училишта во регионот. Тие воедно ќе ги разменат своите искуства и во текот на развојот на „Водич за изработка на план за подготовка на лекции од областа на заштитата на животната средина“ за основно образование. Тој план ќе биде подоцна доставен до подрачните единици на министерствата за образование, со цел да стане алатка за поддршка во образовниот систем за основните училишта. Водичот ќе почне да се развиваа по сесии за обука на назначените наставници.
(Надлежни органи - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југо-западни општини, времетраење од 6 месеци)

Две обуки се планирани да се спроведат за десет наставници (пет од секој регион). Два тренери ќе бидат ангажирани да работат како одговорен тим за организирање на обуките за наставници. На тие обуки ќе се поканат и стручни лица од областа на заштита на животната средина како гости-говорници. На отворен повик еден тренер од МК и еден од Бугарија ќе бидат ангажирани, ќе направат тренинг програма и ќе им помагаатпри подготовката на Водачот (Прирачникот). Секоја обука ќе трае три дена:


- Првата обука е планирано да се одржи во МК како обука на coachers / модератори, на тема загадувањето на животната средина, користење на обновливи извори на енергија и еколошка одржливост
(Надлежен орган - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион траење од 2 месеци)

- Втората обука ќе се одржи во Бугарија, каде што дел од обуката ќе биде студиска посета на објекти кои користат техника и опрема за користење на обновливи енергии. Од таа студиска посета и обука, наставниците ќе започнат со развој на "Подготовка на наставните планови за еко на интерактивни сесии-практичен водич за наставници"
(Надлежниот орган- Асоцијација на Југо-западни општини, времетраењето 2 месеци)

Десет (наставници) професори кои ќе бидат обучени ќе започнат со едукација на врсници во основните училишта во регионот со цел да се овозможи што повеќе информации како тие се стекнуваат во текот на обуки и практична работа.
(Надлежните органи - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југо-Источна општини, времетраење од 4 месеци)

Да се зголеми јавната свест и да се подобри заштедата на електрична енергија, ученици од подрачните училишта ќе спроведат различни активности на чело со обучените наставници. Еден фестивал ќе биде организирана во Струмица за децата, на кој ќе се промовираат резултатите од проектот и ќе се зголеми соработката помеѓу училиштата.Пред сè повеќе партнерства ќе бидат мотивирани и ќе се обезбеди долготраен ефект од проектот SP FUTURE. Повеќе од 200 ученици ќе земат активно учество на работилниците што ќе бидат организирани во основните училишта во двата региони (во БГ и МК). Најдобрите студенти ќе бидат поканети во вон-наставни активности и ќе учествуваат во интерактивни квиз за време на фестивалот во Струмица.
(Надлежните органи - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југо-западни општини, времетраење 5 месеци)


Сите партнери, тренери и десет наставници ќе подготват нацрт-програма за Општина Струмица и Општина Петрич;
(надлежниот орган-Асоцијација на Југо-Источна општини, времетраење од 3 месеци)

Во текот на спроведувањето на проектот многу алатки за промоција,информации и публицитет ќе се воведат, како што се:
* Официјални настани за промоција на започнување на проектот (надлежните органи - Центарот за развој наЈугоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југо-западна општини, времетраењето 2 недели)
* Реклами во весник/ дневен печат (надлежни органи - Центарот за развој наЈугоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југо-западни општини, 2х3 пати)
* Веб-сајт на проектот (надлежниот орган – Асоцијацијата на Југозападни општини – Благоевград)
* Промо-материјали ќе бидат подготвени и испечатени, а под стандардите за заштита на животната средина и принципи на нула-загадување (според упатството за комуникација и видливост на ЕУ)
* Конечниот промо настан во рамките на SP FUTURE, како фестивал во Струмица (надлежните органи - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, времетраење 1 месец)

Резултати од проектот

- Две основни училишта се енергетски ефикасни и користат обновливи извори на енергија, според еколошките стандарди на ЕУ за енергетска ефикасност/ користење на соларни панели;
- Промоција на регионални  обновливи проекти;
- Подготовка на предлог програма за намалување на загадувањето од јаглерод, Општина Струмица и Општина Петрич;
- Годишните трошоци за електрична енергија (која се користи) во основните училишта се намалени до 50%;
- Десет наставници се обучени во peer-едукатори во регионите (Југо-исток во МК и Југо-запад во Бугарија);
- Мрежа на наставниците што работат на еколошки теми;
- Еден Водич за изработка на наставен план е развиен (за во основно образование);
- Една студиска посета е организирана;
- Регионална енергетска програма за образование е основана;

* 200 ученици од основните училишта во две погранични региони се обучени за обновливи извори на енергија, вклучувајќи биомаса, хидроенергија, геотермална, ветер и сончева енергија.