Вести

Доделување на Договор за грант за проектот „Ефикасно користење на соларна енергија за подобра иднина“

На 25.07.2012 година во хотел „Глигоров Струмица“ се одржа официјална церемонија за доделување на Договорите за успешните апликанти во Вториот повик за проектни предлози од ИПА Прекугранична соработка Македонија-Бугарија CCI No. 2007CB16IPO007. На оваа церемонија беа поканети сите Лидер партнери на успешните проекти од двете земји. Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го доби Договорот за проектот „Ефикасно користење на соларната енергија за подобра иднина“. alt Во овој проект чија вкупна вредност изнесува 432.392 евра, покрај Центарот кој е Лидер партнер, партнери се и општина Струмица, Република Македонија, Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград и општина Петрич, Република Бугарија. Вкупното времетрање на овој проект е 24 месеци во кој период ќе бидат инсталирани фотоволтаични ситеми на основните училишта „Сандо Масев“ – Струмица и „Антон Попов“ – Петрич. Исто така наставниците од основните училишта од двата прекугранични региони како и учениците ќе бидат запознаени со заштитата на живоaltтната средина и обновливите извори на енергија. Во продолжение на свечената церемонија за доделување на договорите за грант, се одржа и обука за Имплементација на проектите за успешните апликанти од Вториот повик.